Од стартот на новата сезона, се почесто се добива впечаток дека Меси почна да се забавува на натпреварите во Лига 1 и игра со се поголема самодоверба, па ривалите не се сигурни и во ситуација кога ќе го фаулираат. Најдобар доказ за тоа е последниот меч на „Паркот на принцовите“, бидејќи Меси успеа да проигра свој соиграч и во ситуација кога лежеше на земја.