„Sky Cruise“: Концепт за летечки хотел кој може да угости до 5.000 лица, а го напојува нуклеарна енергија

Видеото од хотелот на иднината кое го објави аниматорот Хашем Ал-Гаили брзо се прошири на социјалните мрежи. Концептот е базиран на визијата на Тони Холмстајн, а неговиот футуристички хотел наречен „Sky Cruise“ изгледа како комбинација од џамбо џет и голем крузер. Благодарение на нуклеарниот погон, „Sky Cruise“ може да лета со години без потреба од слетување.