Срам за тенисот: Пер плукаше по одлуките на судијата, па престана да игра и намерно загуби

Беноа Пер е познат по своето ноншалантно и на моменти крајно непрофесионално однесување на теренот, но на последниот меч во осминафиналето на Буенос Аирес ги помина сите граници на нормалното и ја разлути цела тениска јавност. Пер влезе во жестока расправија со судиајта поради еден ас сервис на домашниот тенисер Франсиско Серундоло, но откако сфати дека не може да ја промени одлуката и нема право на челинџ на земјена подлога, ја плукна трагата од топчето. Французинот продолжи да се расправа со судијата и бараше поенот да му биде вратен, а нервозните реакции го доведоа во ситуација Аргентинецот да направи пресврт (4:6, 6:3 и 6:1).