Вознемирувачко видео: Фудбалер на Арсенал ја изгуби контролата над својот џип и предизвика сообраќајка
„Дејли Мејл“ објави ексклузивно видео од фудбалерот на Арсенал, Џо Вилок кој беше инволвиран во посериозен сообраќаен инцидент. Вилок непочитувајќи ги правилата претекнуваше возило на три полни ленти по што изгуби контрола над својот џип и излета од патот. Во моментот на излетување го загуби едното тркало од автомобилот, а потоа тотално ја загуби контролата и на крај заврши во грмушките покрај патот. Инцидентот се случил во понеделникот кога 21-годишниот фудбалер се упатувал кон тренинг центарот на Арсенал.