Видео: Во Србија се урна воен авион „Миг 21“

Авионот на српската армија „Миг 21“ се урна утрово при извршување на редовна задача за летање во селото Брасина, во близина на Мали Зворник, соопшти Министерството за одбрана. На местото на несреќата е испратена екипа на Службата за пребарување и спасување на Военото воздухопловство и ПВО, како и надлежните органи.