Новата песна на Katerinha ќе сакате да ја слушате одново и одново

Видео-записот за песната „Trippin“ беше вистински хит и фантастичен старт на кариерата на младата Катерина. Талентот што го поседува и начинот на кој ги прави работите сосема го оправдуваат големото внимание насочено кон неа претходниот период. Оваа девојка сега објави нова песна, во сосема поинаков визуелен манир од претходната, но ништо помалку привлечен за око и уво. Совршен ритам, мелодија чија прва асоцијалција е chillin', нешто што сигурни сме на сите ни треба, без разлика каде се наоѓаме на планетава и глас кој ќе ви ги гали ушите.