Агуеро за незаборавниот инцидент во историскиот успех: Погледнете го лудакот, тоа е лице на убиец!

Искусниот напаѓач дал повеќе интересни коментари за неколку важни моменти од дуелот со Квинс Парк Ренџерс, но убедливо најкомичен бил коментарот кој го дал за контроверзниот Џои Бартон, играчот кој заработи црвен картон на пресметката. "Погледнете како ме удира со колено. Бев свртен со грб и не очекував такво нешто. Погледнете го моето лицe. "Но, погледнете го лицето на лудакот. Ме удри со гнев, погледнете ми го лицето. Но, погледнете го неговото лице, тоа е лице на убиец", порача Агуеро.