Маж во Канада плука, кашла и лиже квака од продавница

"Си чекав трпеливо во редот пред банката, кога едно лице го загуби паметот и почна да плука, да кашла и да ја лиже кваката од вратата. Можеби се прашувате зошто? Затоа што банката првио час го посветува на постарите луѓе. Очигледно, ова беше неприфатливо за овој маж. Вработените одлично се справија со ситуацијата. Ја запишаа неговата регистрација и копијата од ова видео беше пратено во полицијата", напишал еден Канаѓанец, згрозен од однесувањето на својот сограѓанин во екот на пандемијата со коронавирусот.