Одбележување на 35 години од независностa на Градскиот плоштад во Скопје - музички спектакл за паметење
Незаборавна музичка вечер во Скопје приреди синоќа легендарниот шпански тенор Хозе Карерас кој пред македонската публика настапи со посебна емоција и приреди концерт исполнет со врвни вокални изведби, во рамки на прославата за 35 години независност, во организација на „Авалон“ и Владата. Градскиот плоштад беше огромна сцена под ѕвездено небо, со музичари на Македонската филхармонија, под диригентската палка на Сашо Татарчевски и оркестрации на Николче Мицевски.








