Ајакс даваше по едно евро за секој допир на топката, а момчето можеше да жонглира до недоглед
Ајакс е познат како клуб кој ја има една од најдобрите младински школи во светот, а талентите имаат можност да се престават за време на полувреме на некој натпревар. Така беше и на полувремето против Сион кога талентираниот Сиб Зелдентуис застана на средина од теренот и започна да жонглира. Мотивот да жонглира што е можно повеќе беше во тоа што за секој допир со топката Ајакс донира по едно евро во добротворни цели.








