Близнаците од „Некст тајм“ признаа дека имале иста девојка: „Не нè помеша, намерно беше - сакаше да проба од двата колачи“

Близнаците Мартин и Стефан Филиповски, познати како музичкото дуо „Некст тајм“, беа гости во емисијата „Полиграф“ кај Стефонатор, каде што одговараа на низа прашања за музиката, приватниот живот и нивниот однос како браќа. Меѓу прашањата што им беа поставени одделно беше и она дали некогаш им се случило да бидат со иста девојка. И двајцата ја потврдија ситуацијата, иако со различни сеќавања за деталите.