Црвен асфалт на патиштата: Веќе го поставија, дали знаете за што служи?

Возачите на дел од државниот пат NH-45 низ индиската сојузна држава Мадја Прадеш ги пречекува необична глетка – коловоз обоен во црвено. Не станува збор за естетско решение, туку за нов начин за намалување на брзината и заштита на дивите животни во резерватот за тигри Вирангана Дургавати.