Децата ги метат улиците пред училиште: Најчистото село во Азија кое ги забрани туристите во недела
На североистокот на Индија, во сојузната држава Мегалаја, се наоѓа малото село Мавлинонг за кое можеби немаше да се слушне далеку доколку пред дваесетина години не станеше популарно поради својата титула за најчисто село во Азија. Списанието „Дискавер Индија“ го прогласи за најчисто село во Индија. Неговата практика подоцна јавно ја пофали и индискиот премиер Нарендра Моди како пример што треба да го следи остатокот од земјата.








