"Passat" стар 28 години докажа зошто е жива легенда: Помина 2.400 километри со еден резервоар

Легендарниот „Volkswagen Passat B5“, произведен во 1998 година, направи историски подвиг поминувајќи дури 2.398 километри со само еден единствен резервоар гориво. Германскиот јутјубер од каналот „Offroadventure“ го возел овој автомобил стар речиси три децении од Хилдесхајм во Германија, па сè до вечниот мраз во северна Шведска.