Тамара Тодевска ја објави „Кукла жива“ – најличната песна во својата кариера
Станува збор за песна инспирирана од животот и кариерата на Тамара Тодевска, исполнета со успеси и падови, осуди и пофалби, но и со постојаната борба да останеш свој во свет полн со очекувања и предрасуди. Впрочем, во „Кукла жива“ може да се пронајде секоја девојка и жена кои биле принудени да глумат, да не бидат свои, да ги задоволат критериумите на општеството, а не своите потреби и желби.








