Неверојатна километража: Германец поминал 2.400 километри со еден резервоар во стар „Passat B5 1.9 TDI“

Дизел моторите денес во Европа речиси станаа „непосакувани“, а за нив често се зборува како за реликт од минатото. Сепак, токму тие со децении беа популарни поради својата практичност и ефикасност. Неодамна, еден Германец решил да потсети на неверојатната економичност на постарите дизел мотори и се обидел да помине 2.400 километри со еден полн резервоар во „Volkswagen Passat B5 1.9 TDI“ од 1998 година.