„Бев на неколку чекори од реакторот“: Потресна исповед на човек кој го чистел Чернобил

- Зборуваа дека се случила несреќа во нуклеарната централа и дека има неколку жртви, но дека сè е под контрола - се присетува Сергеј. Во тој момент верувал дека станува збор за обична индустриска несреќа. Но, она што следувало се претворило во една од најтешките нуклеарни катастрофи во историјата.