Дарко Гелев – Брејк го објави спотот за новата песна „Една во милион“. Во видеозаписот, главната улога ја има Александра Попова која заведува покрај македонскиот пејач. Музика е дело на Никола Перевски – Пере, аранжманот е на Дарко Димитров, додека текстот го потпишува Игор Џамбазов.