Прикажани првпат на денешен ден: Како изгледаа првите Том и Џери?

На денешен ден, 10 февруари, во далечната 1940 година, светот за прв пат ги запозна легендарните ликови на мачорот и глушецот во цртаниот филм „Клоца за мачорот“. Иако во тоа време не се викале Том и Џери, овој цртан филм беше пресвртница што ја лансираше една од најпознатите анимирани франшизи на сите времиња. Цртаниот филм го режираа Вилијам Хана и Џозеф Барбера, додека Фред Квимби беше продуцент. Анимацијата беше направена под покровителство на студиото MGM, а ликовите покажаа исклучителна хемија што ја воодушеви публиката уште од првото појавување.