Беше славен фудбалер, а сега е бездомник и моли на улица за парче леб

Животот многупати знае да биде суров и да го доведе човекот до дното. Таков е примерот со некогашниот парагвајски фудбласки репрезентативец Аполинар Панијања. Веќе неколку години 79-годишниот Панијања е бездомник. Живее на улица и едвај се снаоѓа да се прехрани и да преживее. А порано било многу многу поинаку. Тој бил репрезентативец на Парагвај во периодот од 1975 до 1977 година, кога одиграл 18 натпревари. Во кариерата играл за екипи од Чиле, Колумбија, Мексико и Еквадор. Во 1972 година бил и првак на својата земја со тимот на Милионариос.