Дали The Simpsons нè предупредија и за Џефри Епстин и неговиот остров за секс-забави?

Пo објавувањето на новата серија документи за Џефри Епстин, некои гледачи почнаа да тврдат дека една епизода од серијата The Simpsons (Симпсонови) од 2000 година впечатливо потсетува на случајот со Епстин, сексуален престапник кој со години тргувал со малолетнички и собирал богати и моќни луѓе на своите приватни острови за секс забави.