Грчкиот дијамант блесна во Премиер лигата: Костулас достави кандидатура за гол на сезоната со магија во 91. минута

Ѓорѓе Петровиќ беше на добар пат да прерасне во играч на мечот на натпреварот меѓу Брајтон и Борнмут кој се играше во понеделникот вечерта, но такво нешто спречи Харалампос Костулас во самата завршница. 18-годишниот тинејџер кој се најавува како нов грчки фудаблски дијамант дочека момент на слава на „Амекс стадионот“, а тоа го направи со акробација од која застанува здивот.