Jа правите ли оваа грешка во зима? Автомеханичар предупредува: „Ќе ви го уништи моторот“

Американскиот автомеханичар и популарен јутјубер Скоти Килмер, кого го следат повеќе од 6,4 милиони луѓе на интернет, предупреди за грешка што многу возачи ја прават несвесно, а која може да има скапи последици. Според него, користењето обична вода наместо антифриз може сериозно да го загрози моторот, особено во постудените месеци.