Еден од најнаградуваните македонски краткометражни филмови „Налепница“ конечно е достапен на Јутјуб

Филмот имаше премиера на фестивалот „Санденс“ во јануари 2020 година и беше прикажан на повеќе од 150 фестивали, добивајќи над 20 номинации и низа значајни меѓународни награди. Дополнително, имаше и меѓународна дистрибуција преку „Topic“, „Canal+“ Шпанија и „HBO Europe“.