Напаѓачот на Хибернијан со страшен гол ги урна надежите на храбриот Партизан

Српскиот вицешампион ја анулираше негативата од 2:0 од првиот меч и веќе во првото полувреме водеше со 0:2 во Единбург, па иако беше на добар пат да направи пресврт, работите почнаа да се менуваат по точно еден час игра. Напаѓачот Боуи постигна страшен гол во ситуација кога топката доби чудесен лет и успеа да намали на 1:2, а работите брзо станаа уште потешки за Партизан поради црвениот картон кој го заработи Симиќ.