Два силни земјотреса во Турција, девојче почина од напад на паника, десетици повредени

Силен земјотрес со јачина од 5,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди областа во близина на Мармарис во југозападната турска провинција Мугла во вторникот вечерта. Земјотресот бил почувствуван во повеќе делови од земјата, а според официјалните информации повредени се 69 лица, додека 14-годишното девојче Афранур Гунлу го загубило животот поради паника предизвикана од потресите.