Денот кога Вардар повторно ја покори Европа: Шест години од втората титула на „црвено-црните“ во ЛШ

На денешен ден пред шест години Вардар повторно стана европски првак. Скопскиот тим имаше огромни проблеми таа сезона, меѓутоа тимот беше како големо семејство, ги надмина сите пречки и успеа да дојде до завршниот фајналфор турнир во Келн каде беше апсолутен аутсајдер. Меѓутоа прво беше направено чудо со Барселона за да во финалето биде добиен Веспрем со 27:24. Лидери беа Мораеш со 6 и Чупиќ со 5 погодоци, додека Милосављев и Гедбан забележаа 10 одбрани меѓу стативите.