Уникатното Охридско кајче претставено меѓу јахти, глисери и катамарани на Меѓународниот саем за Наутика во Белград

ЕКО Здружението „Зелен Град” од Охрид имаше забележително учество на Меѓународниот саем за Наутика во Белград, Република Србија. Се претставија со единствениот и уникатен експонат на саемот, традиционалното Охридско кајче на кое беа поставени фотоволтаични панели и иновативен електичен мотор.