Поранешниот шеф на обезбедувањето на дискотеката во Кочани: „За да правиш што сакаш, мора некој да те штити! Ова се последиците! Македонија е завиена во црно!“

На прашањето како е можно таков објект да добие дозвола за работа, Ѓоргиев вели: „Како е можно, па со врски. Имаш пари, плаќаш“, вели тој и додава дека вториот излез на дискотеката никогаш не работел, а единствениот бил тесен.