Тргни се од патот: Бравурозниот Шарп го изведе забивањето на сезоната во НБА лигата

Портланд успеа да победи на гостувањето кај Вашингтон со 121:129, пред се благодарение на кошаркарската симултанка која ја имаше Шејдон Шарп. Младиот 21-годишен Канаѓанец имаше брилијантно издание и уфрли 36 поени, но посебно го привлече вниманието поради еден потег кој се врти на социјалните мрежи во Америка.