Не останаа рамнодушни ниту во ВИП ложата: Реакцијата на Белингам по бравурата на Модриќ

Англискиот репрезентативец беше со својата девојка во ВИП ложата и од идеално место го следеше натпреварот на своите соиграчи, кои после три меча без триумф, ја запишаа првата победа во Ла Лига. Лука Модриќ ги најави трите бода со мајсторија од далечина и маестралниот Хрват дефинитивно го украде шоуто со својот удар, кој направи да видиме и една интересна и искрена реакција на Белингам.