ПСЖ го издвои генијалниот потег на Кварацхелија: Елеганција во движење

Квича Кварацхелија дебитираше со асистенција на првиот натпревар во Лига 1, но измиантиов викенд го постигна и премиерниот гол во најсилното француско друштво. Грузиецот го одигра најдобриот натпревар по комплетираниот трансфер од Наполи и режираше потези кои ги воодушевија навивачите на ПСЖ, но и самиот администратор на социјалните мрежи. ПСЖ го издвои генијалниот потег на Квича во моментите пред да постигне гол, односно движењата со кои ги измести стоперот, но и голманот на Монако.