Кој беше Игор Југ? Пријателите скршени од болка се збогуваат од него: „Не дочека синот да си го видиш, не дочека слобода … нè изедоа по затвори“

Утринава македонската јавност ја затекна тажната вест дека Игор Југ повеќе не е со нас. Југ беше еден од осудениците за „27 април“ кој издржуваше 12-годишна затворска казна. Тој беше на прекин од издржување на казната поради влошената здравствена состојба. Југ починал дома на 54 години, од кои осум ги помина зад решетки.