Ако луѓето бидат изложени на екстремно ниски температури подолго време ризикот од смрт расте. Но, за некои други живи организми, тоа не е ништо. Овие суштества се адаптирале, прилагодени се така што кога температурите надвор ќе паднат на критично ниво, тие се замрзнуваат за да преживеат. Подоцна, кога ќе се стопли, имаат способност да се одмрзнат и да продолжат да си живеат нормално.