Полицијата не презела мерки против возач на „порше“, кој се движел 272 километри на час на автопатот Скопје – Велес во мај годинава. Сега МВР поведде постапка против началници и полициски службеници што не го санкционирале возачот, туку само го предупредиле.