По само 4 месеци од објавувањето на песната „Друго“, нашата пејачка Ивона Јо реши на македонската јавност да ѝ подари уште едно музичко парче. „Тие очи“ е насловот на новата песна, која воедно е и втор сингл на Ивона за оваа година. Ова е модерна поп-песна со побрз ритам, соодветна за топлите летни денови.