Индискиот премиер кај Путин за Украина: „Кога се убиваат невини деца, срцето крвави“

Индискиот премиер Нарендра Моди деновиве ги посети Русија и неговиот колега Владимир Путин. Тој ја започна посетата во понеделникот, само неколку часа откако руските напади врз Украина убија 41 лице, вклучително и деца, кога проектил погоди детска болница во Киев.