Можеби не знаевте дека постои, но Светското првенство во јадење коприва се одржува секоја година во Англија. На Светското првенство во оваа необична дисциплина, кое се одржа минатиот викенд во близина на англискиот град Бридпорт, беше поставен нов рекорд во јадење на сирова коприва. Том Вилер од Лондон изел дури 25,4 метри сирови листови од стебленцата на коприва, со што го соборил претходниот рекорд на јадење на коприва од 19,5 метри.