Скопје повторно го зафати силно невреме: Олуен ветер и пороен дожд го погодија главниот град
Олуен ветер проследен со силен дожд и грмежи го зафатија Скопје повторно попладнево. Како што најавија синоптичарите, до крајот на денот ќе има нестабилност низ државата. Вчера во невремето најпогодени беа Скопје, Тетово и Куманово.