Во втората епизода на поткастот „СЕЦ СО ЦЕЦ“ на Цеце Николова, гостуваше пејачката Маја Саздановска. Животната борба на Маја по загубата на нејзиниот сопруг - со какви предизвици се соочува една самохрана мајка, кои се прашањата кои постојано си ги поставува, како нејзината ќерка дознала дека татко ѝ е починат - се само дел од темите на кои зборуваше.