Водителот Александар Видиновски во „СЕЦ СО ЦЕЦ“: „Пред две години го загубив едниот родител поради несоодветно здравство“

Водителот и уредник во најгледаната дебатна емисија во Македонија „Само Вистина“, Александар Видиновски, беше првиот гостин во поткастот „Сец со Цец“ на Цеце Николова. Една од темите на кои дискутираа беше животната ситуација со која се соочил пред две години, кога го загубил својот татко, поради немањето соодветен здравствен систем.