Нуркал и видел „камен“ на дното: Да го згазнел, за неколку секунди ќе бил мртов

Нуркач снимил ретко видео. Додека го снимал морското дно му се чинело дека под неговите нозе има обичен камен. Сепак, „каменот“ се поместил, па се покажало дека е камуфлирана камена риба, инаку многу отровна. Оваа риба е еден од најотровните видови во светот. На грбот има тринаесет боцки и секој убод е смртоносен. Се разбира, само во случај ако некој ја згазне.