Пилешко со ароматични зачини готово за половина час

Можете да подготвите пилешко на милион начини. Можете да го печете на скара, да го испржите, да го сварите... Како и да одлучите да го подготвите, ќе биде вкусно, а ви предлагаме да го пробате овој рецепт за пилешко. Се подготвува брзо, а посебен вкус му дава сосот направен од ароматични зачини. Можете да послужите со пире од компири или со сезонска салата.