Како ќе изгледа албумот за ЕУРО 2024 на Topps?

Откако УЕФА не го продолжи договорот со Panini поради сѐ полошите и полоши албуми, довербата ја доби американскиот Topps. Албумот за ЕУРО 2024 во некои земји веќе излезе, а еден јутјубер колекционер го објави. Се гледа дека има многу промени од монотониот Panini. Содржински е многу побогат, има повеќе информации и е позабавен, но сликичките со играчите се чекор назад. Некои имаат само глави, а самата сликичка повеќе се концентрира на информации отколку на изгледот на играчот. Го очекуваме за брзо и во Македонија, па ќе го оцениме во живо.