Податоците велат дека дури 80% од жените носат погрешна големина на градник , а за тоа не се ни свесни. Еве девет најдобри совети кои ќе ви помогнат да го изберете идеалниот градник за вас.
Вистинска големина
Вистинската работа која треба секоја жена да ја направи е да го измери обемот на градите на две места, таму каде што се најголеми градите и веднаш под градите. Дури и 85% од жените не ја знаат големината на своите гради, па носат погрешна големина на градници. Бројот на гардникот е еднакво важен како и бројот на чевлите. Големината на градникот може да се смени во текот на бременоста, менопаузата, пубертетот, со вежбање, а со тоа и промена на телесната тежина, што подразбира и промена на гардникот. Кога тежината ќе ви варира горе или долу за 10%, време е за нов градник.
Позицијата на градите
Кога ќе го пронајдете вистинскиот градник, важно е да изберете градник кој обезбедува поддршка на градите, но и да одговара на позицијата на телото. Градите треба да стојат на висина која е на средината помеѓу лактовите и рамената.
Прилепен за телото
Градникот треба да биде цврсто залепен за градите, иако некои жени уживаат во опуштена форма. Ако е премногу широк градникот, градите во него ќе се поместуваат, може да се врти, а вие нема да се чувствувате пријатно. Затегнатоста подразбира додека е на вас, можете да ставите два прста помеѓу него и вашето тело во висината под градите.
Еластичност
Повеќето градници направени се од флексибилен материјал. Во текот на времето, еластичноста ќе попушти и најверојатно ќе се растегне. Вистинскиот гардник е оној чија големина ви одговара и кога еластинот е максимално растегнат и закопчан на последното копче. Подоцна, кога малку ќе се растегне, можете уште некое време да го подесувате на копчињата.
Модел
Иако не влијае многу на поддршката, градникот е кроен за убав изглед на вашите гради. Во зависност од различните модели, градите ќе изгледат полни или подигнати. Многу жени избегнуваат градници кои се со пресечен крој затоа што мислат дека се одсликува преку облеката, но ваквиот модел им дава поубав облик на градите.
При купување одете во облека што ви одговара
Иако купувате нешто што се носи под облека и самите сте свесни дека повеќето работи што ги носите потребен ви е соодветен модел на гардник. Затоа, кога ќе одите на шопинг, изберете деколтирана блуза или фустан од тенок материјал или некоја кежуал облека која е потребна при изборот на градникот. Така најубаво ќе видите дали сте го пронашле моделот што ви одговара и со кој вашите гради и облека изгледаат прекрасно.
Градник без прерамки
Градникот без прерамки исто така треба да биде цврсто залепен за телото, посебно затоа што нема додатна поддршка. Ваквите модели обично имаат силиконска лента која спречува „паѓање“ на градникот.
Бирајте квалитетни градници
Можеби ќе потрошите многу пари, но купувањето на кавлитетен градник ќе ви се исплати за подолго време. Повеќето жени имаат потребата да носат гардник кој што им одговара и добро ќе им стои. Квaлитетниот гардник ќе трае многу подолго.
Следете го упатството за одржување
Правилното одржувањето на гардникот ќе овозможи подолго да трае. Перете го рачно или користете програма за перење на чувствителна облека.