Sony го претстави својот паметен часовник „Smart Watch 2“ на конференцијата Mobile Asia Expo” во Шангај.
Овој часовник е дизајниран да биде екран за вашиот Андроид паметен телефон, отпорен на вода и има NFC конективност. Може да биде персонализиран со апликации по ваша желба.
„Конркуренцијата сега ја претставува првата генерација од овие уреди, додека ние веќе лансираме трета генерација заснована на искуствата собрани од половина милион корисници, во комбинација со Сони технологијата која треба да им овозможи максимални услуги на корисниците“, изјави Стефан Персон, еден од раководителите во Sony Mobile Communications.
„Имаме повеќе од 200 апликации за Sony “SmartWatch”, кои се превземени повеќе од милион пати до сега, и продолжуваме да развиваме сервис со нашата одлична мрежа на програмери за да овозможиме најдобро корисничко искуство со паметниот часовник“, беше изјавено од Персон за време на претставувањето на уредот.