Ангелина Китановска: Прво ги забележувам очите, но паѓам на харизмата

Точка

20/06/2013

11:56

13.636

Големина на фонт

а а а

Супермен дефинитивно не би бил комплетен без убавица како девојката која ви ја претставуваме денеска.

Запознајте ја грациозната и амбициозна македонска (идна) модна дизајнерка која ја краси воодушевувачка убавина како надворешно, така и внатрешно... За да откриете еден дел од оваа првата нејзина убавина погледнете ги фотографиите подолу, а за онаа втората само еден дел можеби ќе пронајдете во одговорите на прашањата кои ѝ ги поставивме во интервјуто.

Амбициозна, упорна, тврдоглава, манипулативна и стабилна – вака прекрасната Ангелина Китановска се опишува себе си. Деветнаесетгодишната девојка од Гостивар студира моден дизајн на ФОН Универзитетот, ги обожава моментите во кои ја покажува својата креативност, сака да чита историски романи и максимално ужива во прошетките со пријателите. Она што ќе им се допадне на припадниците на посилниот пол е тоа што Ангелина е слободна девојка, па Супермени, дознајте какви мажи сака оваа убавица:


На филмовите постојано гледаме за големи и вистински љубови кои обично траат засекогаш, но кога е реалниот живот во прашање, Ангелина смета дека таквите љубови се многу ретки:

Ретки се се луѓето кои ја имаат таа среќа да ја доживеат. Моите блиски пријатели знаат дека не обожавам таков жанр бидејќи за разлика од останатите, на мене не делуваат оптимистички. :)


Ако некогаш се снима филм за Ангелина, еве кои актери би ги толкувале главните улоги:

Тоа би била Роузи Хантингтон-Вајтли, а за мојот партнер дефинитивно без размислување би го одбрала Џаред Лето!


За Ангелина совршен маж е оној кој е:

Џенталмен пред сѐ, да биде харизматичен и амбициозен и да знае што сака во животот. Тоа е мојата дефиниција за маж, ако некогаш пронајдам таков.


Со оглед на тоа што веќе пристигна летото и сите размислуваме за одмор, ја прашавме Ангелина која е нејзината дестинација од соништата:

Дефинитивно пролет во Тоскана, затоа што досега сум имала многу прилики да ја видам Европа која не престанува да ме воодушевува, но Тоскана е местото кое иако го немам видено, но стои во секцијата на соништа.


На прашањето чии креации од светските дизајнери би сакала да ги носи на ревиите и во каталозите, Ангелина вели:

Ели Сааб, Вера Ванг, Баленсијага и Диор. Четири параметри на висока мода и висок репер за моето понатамошно (и надежно) професионално воздигнување како моден дизајнер.


Она што ја мотивира Ангелина во животот е:

Самата помисла на иднината, дека самите си го избираме патот и го градиме животот, и дека мора да се потрудиме за да ги постигнеме нашите цели. Тоа не звучи премногу изненадувачки, судејќи по фактот што сум Јарец во хороскоп. :)


Ако добие понуда да снима филм, а условот е да ја избричи главата, Ангелина би прифатила доколку тоа е во хуманитарни цели:

Докулку би било за поддршка на заболените од канцерогени болести, без размислување би го направила тоа.


Кога требало да ја избере својата идна професија, Ангелина ја одбрала токму својата професија од соништата:

Тоа што го одбрав да студирам е мојата професија од соништата, без разлика дали би била моден дизајнер или моден критичар. За сега сметам дека сум на вистинскиот пат за да ја достигнам таа цел.


Кога би требало да бира меѓу автомобили и мотори, еве што бира Ангелина:

И двете си имаат свои предности и мани, но сепак би ги одбрала моторите, и повеќе преферирам да бидам совозач (немам преголема концентрација позади воланот :))


Ја прашавме Ангелина дали мисли дека убавината е предност да се постигне некаков успех, и дали неа некогаш физичкиот изглед и помогнал да добие нешто само поради изгледот:

Во светот на модата, со сигурност дека е голема предност. Но за сѐ друго, треба многу повеќе од добар изглед.


Вака убава девојка сосема логично е да ја споредуваат со некои од најубавите жени на светот. Еве на кого ѝ имаат кажано дека личи:

Постојат две екстремно спротивни мислења, помеѓу Грејс Кели и Меган Фокс, иако јас лично не гледам сличност со ниедна од нив. А патем, повеќе ми годи првата споредба, бидејќи таква грациозност ретко е забележана.


Нејзината омилена мудра мисла гласи:

Авантурата може да те повреди, но монотонијата убива. Мудрост и мото!


Кога Ангелина би договорила состанок со ново момче, а тој би се појавил несоодветно облечен за приликата, тоа секако дека нема да помине без соодветен коментар:

Облеката не го прави човекот, но со сигурност зборува за неговиот карактер и личен избор, што секако дека не би ми се допаднало. И не би рекла дека истото би поминало без соодветен коментар.


На прашањето кој дел од машкото тело прво ги забележува, Ангелина вели:

Првото нешто што го забележувам се очите, иако харизмата е одлучувачкиот момент.


Има многу начини и места да изнесете девојка на прв состанок, а ако решите да излезете со Ангелина, еве што за неа е идеален состанок:

Сакам несекојдневни места, но пред се, би сакала да е изненадување и избор на момчето, бидејќи преку тоа би ми ја покажал неговата креативна страна и колку се труди околу мене, што е пресудно за понатамошен развој на нештата.


На оваа девојка на која модата и е секојдневие, најубаво облечен маж и е мажот облечен во смокинг:

Обожавам класични изрази на интелигенција и стил.


И за крај, ја прашавме Ангелина што е тоа што ја прави најсреќна:

Патување и истражување на нови дестинации – сум си го докажала ова на себеси на мал милион начини.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk