Тортелини со вкусен бел сос

Точка

19/06/2013

13:03

34.528

Големина на фонт

а а а

За љубителите на тортелини еве еден рецепт кој можеби не сте го пробале, а е доста лесен и вкусен.

Потребно:

250 г тортелини
200мл павлака за готвење
10г путер
50г шунка, свински врат или пршута
70 г сирење или кашкавал
2 триаголници зденка
Сол, бибер и оригано


Подготовка:

Во тенџере на оган ставете вода да зоврие, па ставете ги тортелините да се варат. Откако ќе се сварат процедете ги и почнете со подготовка на сосот.

Сувомеснатото исецкајте го на коцкички, па малку пропржете го на растопениот путер. За 2-3 минути додајте ја и павлаката за готвење, сирењето и зденката. Се посолува и се зачинува со бибер и оригано.

Промешајте на тивок оган 2-3 минути додека се згусне сосот, па потоа прелијте го врз сварените тортелини.

Добар апетит!

Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk