Турската влада им се заканила на демонстрантите со армијата, Меркел шокирана!

Точка

17/06/2013

14:34

3.377

Големина на фонт

а а а

Турција би можела да ја испрати војската да и помогне на полицијата да ги задуши масовните протести, изјавил заменик премиерот Булент Аринч.

Полицијата "ќе ги искористи сите свои овластувања", за до крај да ги задуши немирите, изјавил Аринч во едно телевизиско интервју. "Доколку тоа не е доволно, може да пратиме и вооружени сили", изјавил Аринч, пренесува AFP.


Полицијата денес со водени топови ги предупредила демонстрантите во Анкара да се повлечат или ќе бидат принудени да интервенираат, што предизвикало реакција од германската канцеларка Ангела Меркел, која изјавила дека турската полиција "е премногу остра" со демонстрантите.


Турските синдикати ги повикале сите работници на генерален штрајк поради употребата на сила над демонстрантите, пренела агенцијата "Reuters".


Синдикалците со знамиња и транспаренти се упатиле кон центарот но полицијата преку мегафон ги предупредила да не ја блокираат улицата, во спротивно ќе употребат сила.


Спонзорирани линкови

Маркетинг