Конфедерацијата на синдикатите на вработените во јавниот сектор (КЕСК) соопшти дека при евентуална полициска интервенција во паркот Гези на плоштадот Таксим, 240 илјади вработени ќе ја напушти работата и ќе ги преплават плоштадите на територијата на цела Турција, пренесоа локалните медиуми.
Во Истанбул КЕСК ќе влезе во паркот Гези со своите 40 илјади членови.